Свингерски клуб во Германија бил евакуиран откако протекол јаглерод моноксид и двајца гости се онесвестиле.
Ова се случило синоќа околу 21 часот во градот Хатинген, а во моментот кога се активирал алармот во клубот имало околу 300 свингери, кои биле префрлени на безбедно, соопшти пожарникарската служба, пренесе „Дојче веле“.
Затекнатите со наметки биле пренесени во болница, а 12 од нив се пожалиле на слабост и непријатност.
„Благодарение на мерките на претпазливост, сите гости беа спасени од клубот“, се вели во соопштението на противпожарната служба.
Според извештаите на локалните медиуми, дел од гостите го напуштиле клубот и се нашле на другата страна на улицата. По увидот во зградата било откриено дека испуштен е јаглерод моноксид, а подоцна на гостите им било дозволено да ги земат своите работи.
„Тие се вратија по своите предмети, но забавата не продолжи“, рече портпаролот на противпожарната служба.
За клубот се вели дека е отворен со цел сите отворени и пријателски луѓе за да уживаат во пријатна атмосфера како парови или во групи.
Во операцијата учествуваа 160 работници на итните служби, а за настанот покрената е истрага.