Сон заплака по фаулот над Гомеш кој заработи фрактура на ногата

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хјунг Мин емотивно го доживеа непретпазливиот старт врз фудбалерот од средниот ред на Евертон, Андре Гомеш. Тешката повреда на Гомеш се случи во 79. минута кога Сон го собори противничкиот играч врз кого налета Серж Орије.

Откако виде каква повреда предизвика кај Гомеш, Сон заплака и во солзи го напушти теренот, по исклучувањето поради опасниот старт.

Од игра беше повлечен и Орије кој не можеше да го издрши психолошкиот шок.

Натпреварот беше од 11. коло во Премиер лигата и заврши нерешено 1:1.

Треба да знаете
Последни објави