Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон по шести пат го освои шампионскиот трофеј во Формула 1.
Тој вечерва го освои второто место на трката за големата награда на САД и теоретски го потврди трофејот на две трки до крајот на сезоната.
Најбрз на вечерашната трка беше клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Покрај пилотите на Мерцедес, подиум на Гран-прито во САД обезбеди уште и Макс Верстапен од Ред Бул.
За Ботас ова беше четврта сезонска победа и вкупно седма во неговата кариера, а Хамилтон остана на 83 триумфи.