Во Австрија од 1 ноември на сила стапи забраната за пушење во сите угостителски објекти, а само неколку дена од примената на законот, беше забележано и првото апсење.
Австриската полиција во Виена во текот на викендот уапси браќа кои ја игнорирале забраната за пушење и запалиле цигари во ресторан.
Персоналот на локалот го предупредил момчињата за забраната, но бидејќи не ги гаснеле цигарите, биле исфрлени од барот.
Тие не се помириле со ова, па го нападнале обезбедувањето, кое ја повикало полицијата, која ги уапсила откако започнале да пружаат отпор и им нанеле повреди на унифорираните лица.
Законот предвидува високи казни за непочитување на забраната за пушење.
Лице кое за првпат ќе го прекрши законот, се соочува со парична казна до 100 евра, а ако се работи за лице кое во повеќе наврати ја прекршило забраната, казната оди и до 1.000 евра.
Забраните за пушење се почитуваат во скоро сите ликали од нејзиното влегување во сила.
Стотици ресторани и барови беа набљудувани во првите денови од примената на законт, а казни беа изречени во три случаи поради недостаток на задолжителни ознаки за забрането пушење.
Во само еден случај била прекршена забраната за пушење.
До крајот на годината, виенските власти најавија спроведување на повеќе од 5.000 контроли за да ги принудат сите угостители да ја почитуваат забраната за пушење.