Во Куманово пијани возеле 50 возачи

Во периодот од 28.10 до 04.11.2019 на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 74 возачи, и тоа: 50 возачи кои управувале под дејство на алохол и 24 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени и 18 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, еден возач поради непрописно престројување и еден возач поради недавање првенство на минување. Регистрирани се и 19 прекршоци кои ги прават пешаците. Во текот на изминатата недела издадени се 329 мандантни платни налози, 104 прекршочни платни налози, а 69 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Треба да знаете
Последни објави