Исчезна професорот во пензија и архитект Георги Константиновски. Семејството го пријавило во полиција неговото исчезнување, но не се сигурни кога точно го напуштил домот во Бардовци, каде живеел 35 години. Героги го нема од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош е донесено тело најдено во Бардовци, но сѐ уште не е идентификувано.
Константиновски е автор на студентскиот дом Гоце Делчев, Домот на печат во Приштина за кој доби југословенска награда, на објектот во Пелинце и Сеизмолошкиот завод.