Меркел сака во Германија да има милион станици за напојување на електрични возила за 10 години

Германската канцеларка, Ангела Меркел, пред состанокот со претставниците на моќната автомобилска индустрија изјави дека до 2030 година во земјата сака милион станици за напојување на електрични возила.

Мобилноста во иднина треба да биде удобна, поволна за климата и флексибилна односно треба да гарантира вредност за вложените парите, рече Меркел во своето неделно видео-обраќање.

На состанокот со претставниците на автомобилската индустрија кој е закажан за вечерва, ќе се разговара за тоа како да се промовираат моделите за транспорт кои се базираат на нефосилни горива, истакна Меркел.

Една можна мерка е повисоки субвенции за набавка на електрични автомобили, каде трошоците ќе треба да ги поделат индустријата и владата.

Германската влада претходно објави дека актуелната државна субвенција за купувачи на електрични возила ќе биде проширена и зголемена.

Проширувањето на мрежата на електрични станици за напојување ќе ги охрабри потрошувачите да купат електричен автомобил, смета Меркел.

Тема на денешната средба ќе биде и влијанието кое врз работниците ќе го има транзицијата кон производство на електрични автомобили, рече германската канцеларка.

Треба да знаете
Последни објави