Министерот за за животна среднина нема време да зборува за загадувањето

Резултатите од мерењето на загадувањето во воздухот повторно покажуваат енормно присуство на штетни честички по здравјето на граѓаните. Градови од земјава се наоѓаат меѓу најзагадените десет животни средини во светот. Првиот човек задолжен за да се справува и да изнаоѓа решенија за надминување на овии алармантни ситуаци, министерот за животна средина Насер Нуредини нема време да одговара на новинарски прашања за загадувањето.

На презентацијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, Нуредини откако се обрати на англиски јазик, ги избегна новинарите со образложение дека нема време.

Ова не му се случува првпат на министерот Нуредини заедно со неговата портпаролка да ги ескивираат новинарите. Според нив за да можат да излезат во јавност потребно е претходно консултирање за да се подготват за темата за која ќе дискутираат со новинарите.

Неговиот претходник, Садула Дураку не се појавуваше во јавноста, а неговиот наследник Нуредини преку неговиот кабинет за односи со јавноста избегнува да даде било какви изјави.

Треба да знаете
Последни објави