Ракометарите на Вардар ја совладаа екипата на Војводина со 26:23 во натпревар од СЕХА-лигата. Вардарци настапија без класични леви и десни бекови, па Дибиров и Чупиќ се обидоа како бекови и тоа во тројка со Скубе.
Вардарци тргнаа солидно во средбата, но Кристопанс уште во првиот напад лошо доскокна и се пожали на болки во зглобот поради тоа мораше брзо да го напушти теренот. Затоа мораше Чупиќ да го менува на десен бек.
Најголемата предност во првото полувреме беше 10:6, но на полувреме резултатот беше нерешен 11:11.
Почетокот на вториот дел беше со постојана предност од 15:13, а серијата од 4:0 за ракометарите на Вардар беше пресудна за да се дојде до водство од 17:15 и да се преземе контролата на резултатот.