Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека припадниците на групата Исламска држава ќе бидат враќани во нивните земји на потекло.
Сојлу изјави денеска дека припадниците на екстремистичката група кои се наоѓаат во Турција ќе бидат вратени без оглед на тоа што матичните земји ќе им го одземат државјанството.
Тој претходно рече дека Турција не е хотел за нечии членови на Исламска држава, пренесува АП.