Алегри е првиот пик на Баерн за наследник на Ковач

Нико Ковач, хрватскиот фудбалски стартег не е повеќе шеф на стручниот штаб на трофејниот германски фудбалски бундеслигаш Баерн Минхен. Ковач си понуди оставка по дебаклот викендов од Ајнтрахт Франкфурт (5:1), или пак доби отказ од раководството во моментов не е и толку важно за тимот од Минхен кој е во потрага по негов наследник.

Според пишувањето на „Билд“ кој ја лансираше веста за разделбата на Ковач и Баерн, веќе е направена и листата со поскаувани тренери на Баерн. Прв пик на актуелниот германски првак, кој по 10 одиграни кола е на 4. место, е италјанскиот трофеен стартег Масимилијано Алегри.  Италијанскиот стручњак по заминувањето од клупата на италјанскиот првак Јувентус најави дека една сезона ќе мине без ангажман. Баерн верува дека ќе го премисли и во наредните денови тој ќе ја смени одлуката.

 

Треба да знаете
Последни објави