Бараше отштета од 71.000 евра, а судот му додели 42.000. Екс разузнавачот Зоран Верушевски доби оштета од државата за 344-те дена поминати во притвор за случајот „Пуч“. Граѓанскиот суд денеска ја досуди отштетата од државата за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа.
Верушевски сега има право на жалба затоа што со тужба бараше отштета од 71.000 евра.
Екс-разузнавачот во 2015 година беше притворен, со обвинувања за неовластено поседување на пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа. За поседувањето на пиштолот, кој се утврди дека е службен, беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече обвинителката на СЈО, Катица Јанева.