(Видео) Во заседа убиен племенскиот водач кој се бореше за спасување на дождовните шуми

Во заседа што ја поставиле дрвосечачи во североисточната бразилска држава Маранхао загина бразилскиот племенски водач кој се борел за зачувување на дождовните шуми, додека друг е повреден.

Пауло Паулино Гуајајар или Лобо (што на португалски јазик значи „волк“) бил убиен во петокот додека ловел во резерватот „Арарибоја“; тој бил нападнат и застрелан во главата. Неговиот пријател Лаерсио, исто така член на племето Гуајајар, е повреден, пренесува „Ројтерс“.

Зголемен број на судири меѓу домородните племиња и нелегални дрвосечачи е забележан откако Жаир Болсонаро стана претседател и вети дека ќе им даде заштитени области на економските субјекти.

„Владата на Болсонаро на своите раце има крв на домородците“, рече бразилската организација АПИБ, која претставува повеќе од 900 000 домородци.

Треба да знаете
Последни објави