Голем пожар го зафати познатиот Астрономски центар Али Кушчу во Анкара. Во инцидентот нема информации за повредени лица. Се утврдува причината за пожарот.
Во огнената стихија целосно изгорел врвот на кулата, а густиот бел чад можел да се види од голема далечина. Огнот е ставен под контрола.
Центарот Али Кушчу е отворен во 2007 година. Тој е центар за наука и забава и го посеруваат илјадници гости, вклучувајќи и ученици на различна возраст. Во него има планетариум, симулациски соби за 10Д и виртуелна реалност, како и изложби од областа на вселената.