Генералниот директор на Железници транспорт АД, на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, кој се наоѓа во посета на Кина, најави дека наскоро железничката пруга ќе има четири нови електро-локомотиви.
Тој во кусата видео-порака од Кина, каде што е на увид во предиспорака на три од четирите електрични локомотиви, најави дека електро-локомотиви ќе бидат со вкупна сума осум милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој.
– Една од четирите локомотиви веќе е пристигната во Скопје, комплетирана е целосно документацијата и многу брзо ќе биде пуштена во сообраќај. Додека другите три електрични локомотиви деновиве ќе тргнат за Скопје. Со овие четири електро-локомотиви ќе имаме значително зголемен капацитет во превозот на железницата, и со тоа се надеваме на оодобрување на финансискиот резултат на компанијта, рече Муртезани во видео-пораката од Кина.