Ибраими призна дека Тачи му се јавувал во 2013 година за време на одлучувањето по приговорите за тогашните локални избори

Осудениот поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК) Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци затвор за злоупотреба на функцијата, призна во Апелациониот суд Скопје дека лидерот на ДПА Мендух Тачи му се јавувал во 2013 година за време на одлучувањето по приговорите за тогашните локални избори. Но, како што кажа денеска тој на седницата по поднесените жалби од сите осудени за „Титаник 2“, одбил да прима инструкции- oбјави СДК.

„Но, тој разговор чесен суде, се крие. Ми се јави господинот Тачи три пати, а јас еднаш му кажав дека ќе гласам по законот, потоа не му кренав и третиот пат му одговорив, а тој ми кажа да гласам по законите и моите принципи и убедувања од фактичката ситуација. Е, тие разговори се кријат и не се објавуваат“, се пожали Бедредин Ибраими пред петчлениот судски совет во Апелација. Ослободителна пресуда во овој предмет на СЈО, кој сега е во редовното (Вишо) обвинителство, бараат и Сашо Мијалков, Тачи, како и тројцата осудени бивши членови на ДИК.

Мендух Тачи беше осуден на 3 години и 2 месеци затвор, Сашо Мијалков на 3 години, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски од ДИК, сите на по тригодишна затворска казна.

Според пресудата на Кривичниот суд, во март 2013 година како директор на УБК, Мијалков го искористил своето реално влијание и му кажал на Тачи да му наложи на Ибраими да гласа во ДИК за поништување на гласање во Струмица во корист на кандидатот за градоначалник на Струмица на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, иако изборите и резултатите биле чисти.

Треба да знаете
Последни објави