Инциденти меѓу полицијата и група демонстранти се случија за време на протестот на студентите и учениците во центарот на Атина, а според медиумите во Грција, едно лице е уапсено, а четири се приведени, јави дописничката на МИА од Атина.
До инцидентите дојде кога група маскирани лица ја нападна полицијата со дрва, предмети и молотови коктели на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. Тензиите траеа кусо, а маскираната група нанесе материјална штета на автобуски постојки, додека пак по завршувањето на протестот полицијата уапси едно лице, а четири беа приведени, а бил пронајден и ранец со молотови коктели.
На студентите кои речиси секој седмица протестираат, денес им се придружија и учениците. Демонстрациите се против промените кои владата ги воведува во образованието, а голем дел од нив веќе се изгласани од грчкиот Парламент.