Во 10:43 часот во Полициската станица Гевгелија вчера било пријавено дека на планината Кожуф имало повредено лице при лов. Полициски службеници излегле на местото на настанот, на место викано „Мала рупа” и констатирале дека М.Т.(31) од с.Богородица бил погоден од куршум од Б.Ѓ.(52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија. Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.