Во подрум на поранешен викторијански театар во Лондон пронајден е таен тунел кој водел до просторија во која се наоѓала фарма за канабис вредна 40 милиони фунти, пренесе „Дејли Мејл“. Тунелот водел од тоалетот на една 4-собна куќа до подрумот на соседната продавница каде до 60-тите години на минатиот век имало театар.
Инспекторите веруваат дека подрумската плантажа за одгледување на канабис постои најмалку една деценија и дека на неа годишно се произведувал канабис во вредност од 4 милиони фунти.
Полицајци го пронашле тунелот по пријава за обид за провала во соседна куќа во североисточен Лондон. Кога влегле во куќата, во тоалетот под отвор покриен со плочки пронашле таен тунел.
Тунелот е изграден под соседниот приватен паркинг кој се наоѓа зад куќата и водел до соседниот подрум на продавница од која не е можнен пристап од подрумот. Продавницата е на локација на театар изграден во 1897 година со 750 места, кој се затворил во 1963 година и подрумот бил заборавен. Полицијата верува дека најмалку еден член на криминалната група е градежен работник поради вештината со која е изгреден тунелот.
Бизнисмен кој живее во куќа во соседството, за медиумите изјавил дека бил шокиран кога дознал оти под тлото има плантажа со марихуана.