Мијалков: Верувам во интегритет на судиите и очекувам укинување на затворската казна

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков очекува да му биде укината затворската казна за „Титаник 2“. Тој последен од сите обвинети и првостепно осудени на затворски казни за кривични дела сторени на локалните избори во 2013 година се обрати на судиите во Апелацискиот суд, а беше и најкус во образложението на жалбата и брањето за укинување на неговата затворска казна од три години за која се жалеше дека била изречена на само неколку прислушкувани разговори

-Јас верувам дека ќе донесете правична одлука, бидејќи верувам во вашиот судски интегритет. Моите бранители ги опфатија сите аспекти од формален карактер и ги изнесоа сита наводи со кои не се согласуваме, а се наведени во пресудата, рече Мијалков.

Мендух Тачи, кој исто како Мијалков доби три години и два месеци затвор не дојде за лично да ја обжали пресудата, но затоа неговиот сопартиец и поранешен член на државната изборна комисија Бедредин Ибраими рече дека гласал во комисијата по сопствено убедување, обвинувајќи ги обвинителите на СЈО дека сокриле разгвори меѓу него и Тачи во кои добил поддршка да гласа по сопствено убедување.

Неговиот колега, обвинет и осуден во Титаник 2, Влатко Сајковски, својата жалба ја објасни пластично демонстрирајќи колку неправилности имало во образецот на избирачкиот одбор во Струмица за што по долга дебата поранешното мнозинство во ДИК сега осудено гласало да се прегласува. Новоназначената обвинителка Соња Симовска откако ги чу, веднаш ги отфрли наводите на одбраната дека обвинението е постаро од рокот од 18 месеци, а се осврна и на материјалните докази со кои се докажала вината во овој случај. Иако последниот збор ќе го има апелацискиот суд.

Според пресудата на Кривичниот суд, во март 2013 година како директор на УБК, Мијалков го искористил своето реално влијание и му кажал на Тачи да му наложи на Ибраими да гласа во ДИК за поништување на гласање во Струмица во корист на кандидатот за градоначалник на Струмица на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, иако изборите и резултатите биле чисти, според тврдењата на обвинителката на СЈО ФАтиме Фетаи.

Треба да знаете
Последни објави