Солзи и молотови коктели беа фрлени за време на судирот меѓу полицијата и студентите кои маршираа во центарот на Атина денес во знак на протест против промените што ги планира грчкото Министерство за образование.
Сообраќајот на улиците околу центарот на Атина бил прекинат, а инцидентите пред парламентот биле пријавени кога група неидентификувани лица фрлале молотови коктели и камења кон полицијата.
Полицијата одговорила на нападите користејќи солзавец, пренесува АНА.
„Ние сакаме училишта што едуцираат, а не девастираат“, беше слоганот на учениците кои демонстрираа.
Средношколците се спротивставуваат на планот на владата да воведе „минимална оценка“ за запишување на факултет и бараат владата да се справи со недостигот на наставен кадар.