Литванското Министерство за одбрана соопшти дека околу 4.000 војници од 11 држави членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Германија, во моментов учествуваат во вежбата „Железен волк“.
Активната фаза на вежбите што се одржуваат во близина на градот Пабраде ќе трае до 18 октомври. Вежбата е насочена кон зајакнување на офанзивните и одбранбените операции, како и на соработка меѓу силите на НАТО.
НАТО редовно одржува големи меѓународни вежби во балтичките земји. Вежбата „Сајбер страјк“ мобилизираше околу 18.000 војници од 19 сојузници и партнери во јуни 2018 година, додека последните воени игри, со кодно име „Сребрена стрела“, завршија во средината на октомври и собраа над 3.000 војници од 12 сојузници на НАТО.
На состанокот на Комонвелтот на независните држави (КНД) во октомври, рускиот претседател Владимир Путин рече дека иако обидите за создавање тензии на границите не се добредојдени, Русија сепак ќе остане мирна за време на вежбите на НАТО.