Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, на оние кои 11 години придонесоа за загадувањето на воздухот да се зголеми. Ниту една конкретна мерка не спроведе ВМРО-ДПМНЕ за 11 години за да обезбеди чист воздух. Сечење дрвја, уништувања паркови, непланоското градење, нееколошки фасади, мегакриминалниот проект Скопје 2014, барокот и скапо платените палми кои се уништија со првиот студ се единствениот придонес на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа денес опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборува за мерките против аерозагадувањето.
За само две години Владата предводена од СДСМ, локалните власи и сите инстутуции работат на спроведување мерки што имаат за цел да го намалчат аерозагадувањето. Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација. Во таа насока е препораката на Владата предводена од СДСМ за итна замена на стариот нееколошки начин на загревање на болницата во Куманово, со систем на загревање на природен гас. 10 милиони евра се оебзбедени за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога проблемот со загаувањето беше игнориран, денес секојдневно се преземаат мерки накраток, средн и долг ро кои имаат за цел да обезбедат почист восздух и поздрава животна средина.
Здравата животна средина останува врвен приоритет за СДСМ. Мерките против загадувањето се на прав пат.