Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за отпуштање од служба на повеќе од 10 генерали од Рускиот истражен комитет, како и од Министерството за внатрешни работи и Министерството за вонредни ситуации.
Според руските медиуми, во декретот се наведува дека меѓу отпуштените генерали е и полицискиот генерал мајор Александар Мељников, кој е во предистражен притвор поради обвиненија за корупција.
Путин разреши шест генерали од Министерството за вонредни ситуации, четворица од Министерството за внатрешни работи и еден генерал од Истражниот комитет, јавуваат рускит медиуми без детали околу причините за нивното разрешување.