Ирачките власти соопштија дека тројца демонстранти загинале, а 19 се повредени во напад на иранскиoт конзулат што се случил синоќа во Кабала.
Седум полицајци се повредени.
Неколку десетици демонстранти упаднале во конзулатот и подметнале пожари, фрлале молотови коктели и го замениле иранското знаме со ирачко знаме.
Протестите во Ирак започнаа на 1 октомври поради корупција, невработеност и лоша јавна администрација, при што загинаа повеќе од 250 луѓе.