На 03.11.2019 во 11.20 часот кај с.Слупчане, општина Липково, Ј.Д.(19) од с.Алашевце, општина Липково, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.