Еурофарм има рецепт како да ја врати победничката атмосфера

Прва шанса за враќање на победничката атмосфера во соблекувалната на македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Работник, кој сезонава има дебитантски настапи во регионалната СЕХА-лига и во Лигата на шампионите, е дуелот со Мешков Брест, утревечер (19 ч.) во Битола. Натпреаврот е од рамките на регионалната СЕХА лига, каде Еурофарм не стои лошо. Има три победи и два порази. Еурофарм Работник добро котира на табелата во групата Б на СЕХА лигата. Двата порази минатиот месец од ППД Загреб и Мешков Брест ги расипаа добриот старт. Еурофарм е третопласиран со 9 бода, а утрешниот ривал Мешков е четвртопалсиран со три бода помалку. Капитенот на битолчани Гоце Ојлески верува дека неговата екипа ќе одигра уте еден добар натпревар во СЕХА- натпреаврувањето и ќе остане во трка за втората позиција во групата.

-По загубените шанси во Лигата на шампионите, имаме многу подобра ситуација во СЕХА лигата. Играме добро во ова натпреварување и зошто тоа да не продолжи и понатаму. Знаеме дека Мешков Брест е долгогодишен член на СЕХА лигата, кандидат за висок пласман, па без разлика во каков состав ќе допатуваат, ќе бидат опасни. Ние имаме ситни проблеми со повредени ракометари, но тие кои ќе настапат ќе го дадат максимумот за што е можно подобар резултат, вели Ојлески во пресрет на новата пресметка со белорускиот шампион.

Треба да знаете
Последни објави