Македонска четворка предводена од Ставрев ќе го суди натпреварот меѓу Ференцварош и ЦСКА во ЛЕ

Македонскиот фудбалски судија од главната листа на ФИФА, Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот од групната фаза во Лига Европа, меѓу Ференцварош и ЦСКА, објави УЕФА.  Натпреварот е од Х-групата и ќе се одигра на 7 ноември во Будимпешта.

На Ставрев ќе му помагаат Маријан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија ќе биде Димитар Мечкароски.

Треба да знаете
Последни објави