Нивото на Треска пет пати пониско од ноемврискиот просек

Пет пати пониско од просекот за ноември е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, додека Сатеска кај Ботун и Црна кај Р.Б.Мост бележат намалување на нивото за четири пати.

Според денешните хидролошки мерења, преполовени се Црн Дрим кај Новаци, Црна кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка и Вардар кај Демир Капија и кај Велес.

Зголемувања на нивоата се регистрирани на Вардар кај Јегуновце и кај Скопје.

Водостоите, пак, на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското се на рече исто ниво како просечното.

УХМР најавува повремени врнежи дожд со променлив интензитет од четврток. Времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, со максимални температури до 23 степени.

Треба да знаете
Последни објави