По смртта на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, „Гардијан“ направи листа на најбарани бегалци. До 2011 година, „Форбс“ објавуваше листа на најголеми криминалци. Таа година на прво место беше мексикански крал на дрогата, Џоакин Гузман, „Ел Чапо“, кој е фатен три години подоцна, кој побегна и повторно беше фатен во 2016 година. Втор на листата беше ирско-американскиот криминалец Џејмс „Вајти“ Булгер, кој е фатен кон крајот на 2011 година, откако беше препознаен од сосед, кој доби награда од 2 милиони долари. Булгер беше претепан на смрт минатата година.
Неодамна на листата е ставен и најстариот бегалец, 83-годишниот Еуген Палмер, кој е обвинет за убиство на својата снаа. Но најбаран на оваа листа е Ајман ал-Завахири, лидерот на Ал Каеда, за кого е распишана награда од 25 милиони долари. ФБИ има и листа на најбарани сајбер криминалци на која денеска се наоѓаат 70 луѓе, меѓу кои се руски и кинески припадници на војската, но и група поврзана со руското мешање во американските избори во 2016 година.
Сепак, најпозната е листата на ФБИ. Американското сојузно биро тврди дека околу 93 отсто од оние кои се на листата ќе бидат фатени.
На првото место на листата најбарани бегалци на ФБИ е нигерискиот милитант Абубакар Шеку, кој во 2009 година стана лидер на исламистичката група Боко Харам, која се залага за воведување шериитски права, а е одговорна за бројни напади на војската, но и цивили, од што најпознато киднапирање на 276 девојчиња од училиште.
На второ место е Абу Ибрахим ал Хашими ал Квараши, кој по смртта на Абу Бакр ал Багдади, е избран за нов лидер на терористичката организација. За него не се знае речиси ништо, освен дека доаѓа од истото племе како и претходниот лидер.
Следи лидерот на Ал Каеда, Ајман ал ЗАвахири, роден во Египет во 1950 година, каде бил хирург пред да се придружи на радикалното исламско движење.
На 4 место е 63-годишниот милијардер од Индија, Ибрахим Дејвуд, кој изгради свое царство со помош на изнуда и трговија со дрога.
Синот на познатиот наркобос Ел Чапо, Овидио Гузман или „Чапито“ е на петото место. Откако беше уапсен од полицијата, минатиот месец во Чилачано, на улиците дојде до судир меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот наркокартел Синалоа. На крајот полицијата се повлече и го пушти да побегне.
На шестото место е лидерот на меѓународната банда на дрогата, Це Чи Лоп, кинеско-канадски граѓанин, кој се смета за најбаран човек во Азија. Неговата банда е разгранета од Јапонија до Њујорк.
На седмото место на оваа листа е грчкиот крадец и киднапер, Василис Палеокостас, познат како „Недопирлив“. Тој двапати побегнал од истиот затвор во 2006 и 2009 гоидна, така што киднапирал хеликоптер. Грција нуди 1 милион евра на оној што ќе помогне во неговото фаќање.
На 8 место е сицилијанскиот „последен Мохиканец на старата мафија“, Матео Месина Денаро и еден од најбараните бегалци од властите се крие од 1993 година.
Гуцифер 2.0 е еден или повеќе хакери, кои тврдат дека се одговорни за упадот во серверите на американскиот Демократски национален одбор во 2016 година, по што ги пуштија во јавност документите и мејловите што ги најдоа.
Денеска 84-годишниот воен злосторник, Фелициен Кабуга е 10-ти на листата, а е баран од меѓународиот суд поради неговата улога во геноцидот во 1994 година во Руанда, каде се масакрирани повеќе од 800.000 мажи, жени и деца. Кабуга воделе радиостаница која повикувала на омраза против малцинството Тутса.