Пирати, крај брегот на Того, нападнаа грчки танкер со нафта и грабнаа четворица членови на екипажот, соопшти западноафриканската морнарица.
Пиратите, во раните утрински часови, упаднале во танкерот и како заложници земале четворица морнари.
Грабнувањето се случи само два дена по сличниот напад во водите на соседен Бенин, пренесуваат британските медиуми.
Освен двајца Филипинци, грабнати се и еден Грк и еден Грузиец, потврди морнарицата.
Во нападот на пиратите, како што првично се наведува, ранет е еден припадник на обезбедувањето на танкерот.