Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нови Сад кај јамката Инѓија. Во несреќата повредени се три деца, пренесува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на српски медиуми.
Во сообраќајна незгода се судриле камион и автомобил, а според првичните информации, загинале патници во автомобилот.
Кон местото на несреќата се упатиле и пожарникари и брза помош.
„Наши екипи се на теренот“, потврдиле за српски „Телеграф“ од Брзата помош во Инѓија.
Според српскиот портал, загинале патници од автомобил со австриски регистарски таблички.
Врз онснова на неофицијални информации, загинатите се баба и дедо чии внуци патувале со нив во моментот на несреќата. Внуците се повредени при судирот.
Според првичните информации, станува збор за две близначки на возраст од 10 години и девојче на двегодишна возраст.
Една од близначките е на интензивна нега со сериозни повреди, дознава „Телеграф“.
„Една од близначките е сериозно повредена и е на интензивна нега. Најмалото дете е задржано на прегледи, но нема сериозни повреди“, изјавиле за „Телеграф“ од Брзата помош.
Според неофицијални информации, тие биле на лентата за сопирање на автопатот, а кога тргнале, биле удрени од камион.
Според српскиот портал, сообраќајката била предизвикана од силен ветер, налик на торнадо, кој го погодил подрачјето на Инѓија.