Првиот човек на британската партија „Брегзит”, Најџел Фараж, нема да се кандидира на изборите во декември, туку ќе води кампања низ целата држава против договорот за „развод”, што премиерот Борис Џонсон го склучи со ЕУ.
-Многу долго размислував за ова: Како најдобро да му послужам на Брегзит?, рече Фараж за Би-Би-Си.
-Треба ли да освојам застапничко место и да се обидам да влезам во парламентот или подобро ќе ми биде да патувам низ Обединетото Кралство и да поддржувам 600 кандидати, па одлучив дека вториот пристап е поисправен, додаде тој.
Фараж, жесток противник на ЕУ, годинава ја формираше партијата „Брегзит” и уште во мај лесно освои мнозинство британски гласови на изборите за Европскиот Парламент
Партијата на Фарж во моментов располага со поддршка од седум до 13 отсто, по што тој инцираше создавање „Сојуз за излегување”, но конзервативците го отфрлија неговиот повик за изборен пакт.