Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај смета дека постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина претставува директна закана за Косово, но и за, како што вели, „кревкиот мир во регионот”, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај преку својата страница на Фејсбук порача дека е „лудило” тоа што Србија продолжува да набавува противвоздушни ракетни системи и друга воена опрема од тие две земји.
– Постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина (панцири, противвоздушни ракетни системи, дронови, итн.) претставува директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и евроатлантските перспективи. Србија треба да престане со тоа лудило пред да биде предоцна, напиша Харадинај.