Хрват преку ден возел автомобил со 4,29 промили алкохол во крвта

Хрватската полиција сопрела возач кој управувал автомобил под дејство на алкохол, а откриено е дека имал 4,29 промили во крвта, јавија хрватските медиуми.

Како што пренесе хрватскиот портал „Индекс“, 50-годишникот бил уапсен во саботата во Мурско Средишќе и бил под силно влијание на алкохол.

Притоа била издадена наредба за негово сместување во посебна просторија додека не престане дејството на алкохолот.

Возачот ќе биде обвинет за повреда на Законот за безбедност во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави