Европскиот суд пресуди дека Полска прекршила закон на ЕУ

Европскиот суд на правдата (ЕСП) денеска донесе пресуда дека полскиот закон, со кој на судиите им се намалува старосната граница за пензионирање и се одредува различна старосна доба во зависност од полот, претставува прекршување на законот ЕУ.

ЕСП во пресудата наведува дека законот од 2017 година со кој границата за пензионирање за жени се намалува на 60, а за мажи на 65 од претходните 67, воведува директно дискриминаторски услови базирани на пол, објави агенцијата АП.

Судот го отфрли аргументот на Полска дека ова може да се смета за позитивна дискриминација, наведувајќи дека мерките што му овозможуваат на министерот за правда да задржи одредени судии и по исполнувањето на условите за пензионирање можат да ја нарушат независноста на судот.

Треба да знаете
Последни објави