Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 ч.) пред своите гледачи го пречекува составот на Сплит, во рамките од 6. коло во регионалната АБА 2 лига. Поранешниот европски шампион Сплит сезонава има амбиции преку второто по ранг регионално натпреварување да обезбеди пласман во елитното натпреацврување од АБА лигата.
Скопјани иако сезонава на домашен терен имаат скор три од три, фаворитската улога му ја препуштаат на гостинот. Тренерот на скопјани Ѓорѓи Кочов смета дека хрватскиот тим има состав кој во моментов е најдобар во АБА2 лигата.
За овој дуел МЗТ Скопје нема да го има на располагање Нуни Омот, кој си замина поради семејни проблеми, но и последното засилување, Ерон Харис.
МЗТ Скопје по петте кола има скор 4-1 и е на делба на првото место со Борац Чачак, Сутјеска и Широки, додека Сплит има учинок 3-2 и е веднаш зад водечкиот квартет.