САД градат две нови воени бази во Деир ез-Зор, регонот на Сирија кој е богат со нафта, пишува „Анадолија“, повикувајќи се на неименувани извори. Таму веќе се испратени дополнителни контингенти од војската со оклопна техника.
Според податоците на агенцијата, САД испратиле 250 до 300 војници во зоната на 113-та бригада во близина на регионот Ал-Сур каде што се изведуваат работите, како и оклопна техника, тешко вооружување и муниција.
Претходно американската конгресменка Тулси Габард ја критикуваше политиката на американскиот претседател, Доналд Трамп во врска со заземањето на нафтените полиња во Сирија кои му припаѓаат на сирискиот народ и му се потребни за функционирање.Трамп изјави дека е неопходно присуство на војниците во нафтените реони за да не се дозволи милитантите да ја преземат контролата над тој регион.
По паузата во турската антитерористичка операција во северна Сиријам американските трупи минатиот петок повторно ги презедоа воените патроли околу изворите на нафта.Според шефот на Пентагон, Марк Есперо, американската војска продолжува да ги штити нафтените полиња и ќе одговори на сите обиди од други страни да ја преземат контролата над нив.