Шестмина радикални исламисти со мигрантско потекло, претходно беа прогласени за безбедносна закана и имаше налог за нивно протерување од Шведска, сега се ослободени, што предизвика силни реакции во јавноста, пренесува „Експресен“.
Како причината за одлуката шестмината исламисти, кои се наоѓаат во притворот на Шведската безбедносна полиција (Сапо) од пролетта, да останат во Шведска се наведува тоа што тие би можеле да бидат прогонувани во нивните матични земји, како што се Ирак и Египет.
Поради тоа, исламистите се ослободени во очекување на промена на условите во нивните матични земји. Иако нивното пуштање подразбира дека тие се слободни да продолжат да ги шират своите учења, се очекува да бидат набљудувани од Сапо. „Експресен“ ги опиша како група што го претставува салафистичкото подземје, обединета во нивната афирмација на насилниот исламизам.
Ирачанецот Або Раад (53), кој претходно бил идентификуван како водечка фигура во радикалното исламско опкружување на Шведска, е познат по тоа што ги славеше воените успеси на Исламска држава во Ирак и има веб-страница финансирана од даночните обврзници која, меѓу другото ги повикува муслиманите да го ограничат својот контакт со немуслиманите. Неговиот син беше осуден за смртни закани кон главниот уредник на локалниот весник „Гефл дагблад“.
Според експертот за безбедност, Ханс Брун, се отвара дилема меѓу безбедноста на граѓаните и безбедноста на исламистите кои требало да бидат протерани.
„Многу земји би рекле дека нивната безбедност е поважна“, рече Брун за „Експресен“.
Имамот од Ескилстуна, Абд ал Хакк Килан, кој долго време се бори против исламскиот екстремизам, предупреди на зголемен ризик од радикализација.
„Тие се враќаат како маченици. На некој начин, ги отворате портите кон другите истомисленици. Ако одите некаде во Европа, Шведска се чини дека е добра алтернатива. Пораката е ‘масата е поставена’“, изјави тој за „Афтонбладет“.
Водечкиот истражувач за тероризам во Шведска, Магнус Рансторп, од Националниот одбранбен колеџ повика да се протераат имамите, како што претходно било наредено. Според него, нивното ослободување ќе влијае на безбедноста на Шведска во наредните години.