Со денешните осум натпревари од групите Е до Х, почнува 4. коло во групната фаза од фудбалската Лига на шампионите. Ова коло ќе биде реприза на двојките од третата рунда, но сега домаќини ќе бидат тимовите кои на 23 октомври гостуваа. Шанса за реванш пред своите гледачи ќе имаат откако беа поразени како гости Борусија Дортмунд, Зенит и Лион, а Лил и Валенсија продолжуваат во вторите 90 минути битка за три бода откако ремизираа во првата пресметка. Преостанатите тимови, фаворитите Барселона, Ливерпул, Наполи и Челси треба да ги потврдат победите од гостинските терени пред своите гледачи.
Барселона многу потешко од очекуваното ги освои бодовите на гостувањето во Прага кај Славија (2:1). Тренерот на шпанскиот првак Барселона, Ернесто Валверде, пред денешната нова пресметка на „Камп Ноу“ очекува тежок натпревар како оној во претходното коло. Барселона како увертира во новата обврска од ЛШ го загуби првенствениот меч од шпанската Примера со Леванте и сега ќе има дополнителен притисок да се рехабилитира од неочекуваниот шок прптив незгодната Славија.
– Очекуваме ист натпревар како оној во Прага. Славија останува верна на својот стил. Тоа е тим кој игра цврст фудбал и може да биде многу опасен. Ние на почетокот на сезоната игравме лошо, потоа сè се одвиваше по нагорна линија и добивме три победи по ред, но викендов повторно изгубивме. Сакаме да им се вратиме на игрите и победите од пред овој натпревар, изјави Валверде.
Интересни и неизвесни пресметки се очекува иво Дортмунд, каде „милионерите“ го пречекуваат италјанскиот Интер, кој токму во дуелот со Борусија во измината рунда стигна до првата победа (2:0) во ЛШ, како и во Лондон, каде Челси ќе го пречека холандскиот Ајакс откако во 3. коло го совлада во Амстердам (0:1). Актуелниот европски првак и лидер во англиската фудбалска Премиерлига Ливерпул прортив белгиските Генк славеше убедливо (4:1) на првата средба, па сега на „Енфилд“ не би требало да има потешкотии да прокнижи уште три нови бода и да стаса на чекор од пласман во нокаут фазата.
Наполи на кого не му одат од рака резултатите во италјанската Серија А, вечерва ќе има тешка задача да се извади од резултаската криза со незгодниот австриски претставник Салцбург кого го совлада на гостувањето (3:2). На овој натпревар според италјанските медиуми во почетната постава на Наполи се очекува да се врати младиот македонски репрезентативец Елиф Елмас, кој изминатиов викенд го преседе на клупата за резерви првенствениот меч со Рома.
– Натпреварот е од големо значење. Сакаме да се пласираме во плеј-офот на Лигата на шампионите и затоа ќе сториме сè за да прикажеме добра игра. Можеби на последните натпревари малку ни недостасуваше интензитет во одредени периоди. Во Лигата на шампионите, одлучуваат мали нешта. На некои натпревари оваа сезона покажавме одличен фудбал, но стабилноста не беше доволна, а за тоа мораше да „платиме”, особено во Серија А, Карло Анчелоти, тренерот на Наполи.
Двојки за денеска
Е група: Наполи – Салцбург (21 ч.), Ливерпул – Генк (21 ч.)
Табела: Наполи 7 бода, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1
Ф група: Барселона – Спарта Прага (18.55 ч.), Борусија Дортмунд – Интер (21 ч.)
Табела: Барселона 7 бода, Борусија Дортмунд 4, Интер 4, Спарта Прага 1.
Г група: Лион – Бенфика (21 ч.), Зенит – Лајпциг ( 18.55 ч.)
Табела: Лајпциг 6, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3.
Х група: Валенсија – Лил (21 ч.), Челси – Ајакс (21 ч.)
Табела: Ајакс 6 бода, Челси 6, Валенсија 4, Лил 1.