На денешната 162 редовна седница на Владата на Република Северна Македонија е прифатена Информацијата за одобрување финансиски средства на Општина Ѓорче Петров од Буџетот на Министерството за здравство во износ од 14.400.000,00 денари кои ќе бидат наменети за изработка на урбанистичко проектни документации, основни проекти за инфраструктура и елаборат за геолошки и геомеханички својства на почвата за потребите на Урбанистичкиот план вон населено место Веле Поле, Општина Ѓорче Петров, каде што треба да се гради новиот Клинички центар.