НБА шампионот од пред две години, тимот на Голден стејт ја забележа втората победа оваа сезона и покрај проблемите со повредени играчи. Вориорс ноќеска го совладаа Портланд со 127:118 (34:32; 26:31; 27:20; 40:35).
Во отсуство на првата ѕвезда, Стеф Кари, најефикасен во победничкиот тим беше Ерик Паскал, со 36 поени. За Голден стејт ова е втора победа на седумте средби од почетокто на сезоната. Портланд го забележа четвртиот пораз во шестиот негов натпревар.
Феникс и го нанесе првиот пораз на Филаделфија сезонава, 114:109 решавајќи го натпреварот во самата завршница. Домашните имаа водство од 100:93, но Ал Хорфорд ги донесе гостите до изедначување. Сепак, Девин Букер и Кајли Обреа ги превземаа работите во свои раце во финишот за победа на Феникс.
Букер постигна 40 поени и со тоа стигна до 6003 поени во кареирата и сега е осмиот најмлад играч во НБА, Руки Рубио имаше 21 поен и 10 асистенции. Кај Филаделфија, Ал Хорфорд средбата ја заврши со 32 поени, додека Тобијас Харис имаше 24 поени и 10 скокови.
Кошаркарите на Бруклин запишаа нова победа на домашен терен против Њу Орлеанс со 135-125, доаѓајќи до третата победа во новата НБА сезона. За Њу Орлеанс ова беше, пак, шести пораз во седмиот натпревар.
Бруклин до новата победа ги водеше фантастичниот Кајри Ирвинг со 39 поени, 9 асистенции и три скока, а се истакна и ЛеВарт со 23 поени, седум скока и пет асистенции. Кај Њу Орлеанс не помогна ниту одличната партија на Брендон Инграм кој мечот го заврши со 40 поени.
Џејмс Харден со 44 поени, 10 скока и шест асистенции го водеше Хјустон до триумф против Мемфис од 107-100, а победа запиша и Феникс над Филаделфија со 114-109. Милвоки на гостински терен славеше против Минесота со 106-134.