ЕВН ја купи Градска куќа за 12,7 милиони евра

ЕВН Македонија како единствен понудувач на вчерашната аукција ја купи Градска куќа од Град Скопје за почетната цена од 12,7 милиони евра, потврди градоначалникот Петре Шилегов за СДК.

Тој додаде дека во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот со компанија за дистрибуција и наплата на електричната енергија. Овој објект на кејот на реката Вардар е дел од проектот Скопје 2014, започна да се гради во 2011, а се смета дека вкупните трошоци се 18 милиони евра за нејзината изградба и изглед.

Шилегов ја отфрли можноста за градската администрација да се всели во градската куќа затоа што не ги задоболувала условите, односно била претесна за бројот на вработени.

Треба да знаете
Последни објави