За еден ден пајакот кренал 68 возила

Во текот на 04.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави