Здружението на судии задоволно од исплатата на заостанатите додатоци на плати на судиите

Управниот одбор на Здружението на судиите изразува задоволство од позитивниот тек на исполнувањето на договорените обврски преземени од страна на Владата, утврдени на преговорите одржани на 4 февруари годинава, а кои се однесуваат на исплатата на заостанатите додатоци на плати на судиите.

– УО на Здружението на судии на телефонската седница одржана на 4.11.2019 година, разгледувајќи ја состојбата во однос на имплементацијата на договорените предлог мерки, за платите и другите надоместоци на судиите, утврдени на преговорите со Владата на Република Северна Македонија на 04.02.2019 година, а прифатени од страна на судиите, органите и телата на Здружението на судиите, како и од страна на Судскиот совет, Судско буџетскиот совет, претседателот на Врховниот суд и претседателите на судовите, го изразува своето задоволство од позитивниот тек на исполнувањето на договорените обврски преземени од страна на Владата, а кои се однесуваат на исплатата на заостанатите додатоци на плати на судиите, информираат од УО на Здружението на судии.

Во насока на целосно исполнување на договорените обврски, Управниот одбор на Здружението на судите ја поттикнува Владата, во што пократок рок, да ги исполни останатите обврски од договорениот пакет мерки, кои се однесуваат на Измените и дополнувањата на Законот за платите на судиите, со кои се уредува коефициентот за утврдување на плата на судиите и корекција на истиот, за што се одвиваат тековни активности во рамките на Министерството за правда, од страна на работна група, на која учествуваат повеке чинители на судскиот систем.

Управниот одбор, се вели во соопштението, уште еднаш го потенцира позитивниот ефект од воспоставениот дијалог помеѓу Владата и Здружението на судиите, поддржан од сите релевантни судски институции, со надеж за продолжување на истиот, и истовремено ја охрабрува Владата, во напорите за подобрување на материјалниот статус на судиите и тенденцијата на зголемување на буџетот за судската власт.

Треба да знаете
Последни објави