Ние денес се соочуваме со еден многу јасен избор. Едниот е правиот пат, патот кој значи градење на патишта, раст на плати, влез во НАТО и ЕУ, владеење на правато. Втората опција е на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е опција на неизвесност, истакна потпреседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина „На прав пат” во Македонски Брод.
Прво бараа избори, добија избори, ама допрва ќе пишувале програма. Воопшто не е јасно што сакаат ВМРО-ДПМНЕ. Дали се за раст на плати и како ќе ги зголемат платите, дали се за раст на даноци или дали се за владеење на правото. Единствено е јасно за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е враќање на Никола Груевски во државата. Да нема дилеми, и ние сме за Груевски да се врати во државата, ама за да одговара пред судовите и тоа ќе се случи. И со него и со сите кои биле вмешани во каков било криминал, посочи потпретседателот Манчевски.