По допрен глас отворен е предмет за бегството на екс специјалецот Игор Спасов, потврдуваат за Телма од штипското јавно обвинителство. Обвинителот ќе има задача да ја истражи целокупната медицинска документација, која му е издавана од страна на лекарите уролози во болницата. Токму со оваа документација тој една година слободно се шеташе низ Штип, а издржувањето на казната затвор од 14 години му беше во прекин.
Портпаролот и судија во штипскиот Основен суд, Јулијана Неткова вели дека од новинарите дознала дека е отворен предмет од страна на обвинителите. Потврдува дека Судскиот совет го побарал целокупниот предмет за Спасов.
Бегалецот Игор Спасов е осуден на казна затвор од 14 години за убиството на момчето Мартин Нешковски, кое се случи по прославата на ВМРО ДПМНЕ по победата на Парламентарните избори. Спасов кој од 29 ти октомври се бара со меѓународна потерница, во затвор е од 2011 година, а од лани ме е во прекин заради здравствени причини. Засега никој не открива, како избегал од земјава, преку кој граничен премин или пак илегално. Останува отворено и прашањето, дали некој му помагал при бегството и во која земја се наоѓа неколку недели или месеци.
целиот линк прегледајте го тука: https://telma.com.mk/obvinitelstvoto-otvori-predmet-za-begaletsot-igor-spasov/