Палатата на Александар, последниот дом на рускиот цар Николај Втори и неговото семејство пред соборувањето, ќе се отвори за јавноста следното лето по реновирањето кое чини повеќе милиони, соопштија руските власти.
Палатата се смета за едно од најдобрите дела на италијанскиот архитект Џакомо Кваренги. Изградена е кон крајот на 18 век за императорот Александар Први, а во 1905 година станала постојана резиденција на последниот руски император.
Сместена во предградието на поранешната царска престолнина Санкт Петербург, реновирањето на палатата започнало во 2012 година. Таа била целосно затворена за јавноста три години подоцна.
Реновирањето досега чини две милијарди рубли (28 милиони евра). Претежно биле реновирани подовите, таваните и таписериите.
„Палатата на Александар е посебно место, таа е изградена за приватниот живот на царското семејство“, вели Олга Таратјанова, директорка на музејот во Царското село.
За разлика од другите палати, оваа не била уништена од нацистичките војници за време на Втората светска војна. Таа им служеше како воена команда и затвор.