Последните месеци Багдади бил исплашен и вознемирен

Лидерот на екстремистичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади последните неколку месеци бил вознемирен, исплашен дека ќе го издадат, понекогаш бил преправен во овчар, понекогаш се криел под земја и зависел од многу мал број доверливи луѓе, навеле негови соработници.

Тој со месеци држел како робинка тинејџерка, припадничка на Језидите и како што изјавила за АП, ја водел со него секаде кај што се движел.

Во меѓувреме, Турција ја уапси Расмија Авад, сестрата на убиениот лидер на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, во градот Азаз на северот на Сирија, изјави турскиот официјален претставник Фахретин Алтун.

Треба да знаете
Последни објави