Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода. Оштетениот коловоз е обновен на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, се до улицата Востаничка.
Во текот на реконструкцијата беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Исто така, се реконструирани и дел од оштетените тротоари на овој потег за да се овозможи непречено движење на пешаците.
За реконструкцијата на овие улици Град Скопје потроши околу 9 милиони денари.